Младинска програма за иновативна соработка

Проекти за обука и информирање

Младинска програма за иновативна соработка, проекти за обука и информирање, за којашто крајниот рок за аплицирањење е 15.04.2006 г. има за цел  да им овозможи на младите луѓе да се стекнат со знаење, вештини и компетенции коишто можеби ќе станат една од основите на нивниот иден развој, како и да го  увежбаат одговорното граѓанство со цел да станат активен дел од општеството. Со нејзиното реализирање се поддржуваат иновативни проекти за соработка, обука и информирање на полето на неформалното образование. Правните тела, како што се невладините младински организации, како и локалните или регионалните власти, здружени во т.н. „програмски земји”, можат да аплицираат за учество како партнери во контекст на овој повик.

Проектите треба да вклучуваат партнерски организации од најмалку четири различни земји (вклучително земјата којашто аплицира), од кои една мора да биде членка на ЕУ. Програмски земји се 25-те земји-членки на Европската Унија, трите земји од ЕЕА/ЕФТА (Исланд, Лихтенштајн и Норвешка) и земјите кандидатки - Бугарија, Романија и Турција. Вкупната сума наменета за кофинансирање на проектите од овој повик изнесува 2 милиони евра. Максималните средства за еден проект не надминуваат 100 илјади евра годишно (12 месеци), а максималниот грант не надминува 300 илјади евра. Проектите мораат да траат најмалку 18 месеци, а доколку е оправдано, максималното времетраење на проектот може да се продолжи до 36 месеци. Активностите ќе  започнат помеѓу 1 јануари 2007 година и 28 февруари 2007 година.  

Повеќе информации на електронската адреса ѕоутхЏЛЖцец.еу.инт; или на веб-страницата http://europa.eu.int/comm/youth/program/guide/action5_en.html