Новинари за права на жените и децата и заштита на животната средина на Македонија


Сензибилизирање на прашањето за мало и лесно оружје

Обука за 120 слушатели во четири града во земјава

заштита на животната средина на Македонија (НПЖДЗЖС), со поддршка на МЦМС, на  6 ноември годинава, во Скопје ја одржаа првата од шестте работилници на тема “Сен­зибили­зирање на прашањето за мало и лесно оружје”.

Учесници на оваа и на следните работилници кои ќе се одржат во Струмица,Отешево и Гостивар, се новинари од локалните медиуми, како и претставници на локалните комисии инволвирани во процесот на доброволно предавање на оружјето. Предвидено е обуката да ја поминат 120 слушатели, за што е изготвен  прирачник во кој се сместени информации за потребата од разо­ружување,  како дел од процесот “Сегед” и информации од Нацио­налната програма за доброволно пре­давање на оружјето. Идејата на НПЖДЗЖС е да се запознаат новинарите со чувствителна тема, за да знаат како понатаму да ја обработуваат во медиумите во кои работат. Предавачи на првата работилница беа портпаролот на Оперативниот центар за реализација на акцијата за добро­волно предавање на оружјето, Мухамед Хоџа, новинарката на ТВ А1, Снежана Лупевска, и Наташа Доковска, тренер за сензибилизирање на прашањето за мало и лесно оружје.                                                                                            Д.М.