публикации

Меѓународни стандарди за правата на припадниците на малцинствата

Здружението на граѓани за поддршка на меѓуетнички    дија­лог и развој на заедницата Заед­нички вредности, го изготови прирачникот “Меѓународни стан­дар­ди за правата на припадниците на малцинствата”, со поддршка од Европската комисија – Регионална КАРДС програма, Мрежа до мрежа.

Објавен е на македонски, албански, влашки, турски, српски, ромски и англиски јазик, а има и електронска верзија (www.cv.org.mk ). Може да се добие и во печатна верзија на тел. 02/ 3113 966 или 02/ 3113 907.

 

Исламот и другите вери

Збирката трудови „Исламот и другите вери” од Исмаил Раџи ел-Фаруки е издание овозможено со програмата Меѓурелигиска соработка во Македонија. Збирката содржи 11 есеи, а нејзиното издавање има за цел да ја подобри информираноста помеѓу верските заедници и религиозните групи во Македонија, како меѓу нив самите, така и кај пошироката јавност и е овозможено со финансиска поддршка од данската и од норвешката влада, во соработка со Данската црковна помош (ДЦА) и со Норвешката црковна помош (НЦА).