ЛУЛУДИ

Ден на човековите права - женските права

Во рамките на 16-дневната медиумска кампања за спречување на насилството врз жената, на 10 декември, беше одржана четвртата завршна трибина “10 Декември денот на човековите права - женските права”, организирана од Ромската асоцијација за жени и млади “Лулуди” од Скопје.
Трибината е реализирана со финансиска поддршка на Фондацијата Институт отворено општество – Будимпешта, во соработка со ЕСЕ и Кризниот центар “Надеж” од Скопје. “Лулуди” и други 14 НВО од Југоисточна Европа на Меѓународниот ден за акција против насилството врз жената – 25 Ноември, ја започнаа кампањата “Традицијата и обичаите не го оправдуваат насилството” со цел да дадат свој придонес за подигнување на свеста кај жените од регионот.
“Дадени се предлози за изменување на Законот за семејно насилство. Кај Ромите, секоја втора жена е жртва на насилство, а не секоја четврта како во другите истражувања” – вели претседателката на  “Лулуди”, Кјмет Амет.
На трибината како воведничари учествуваа Мелма Мехмети од ЕСЕ, Тодорка Петкова од “Надеж” и Владо Димовски од Центарот за меѓуетничка толеранција и бегалци. Во рамките на кампањата е изготви ТВ спот, постер и лифлет со мото “Стоп на насилството”.        
А. Бојаџиева