Босна и Херцеговина
Проект “УТРЕ - враќање на семејствата дома
Четириесет и пет семејства од Тузла се враќаат во своите обновени домови во првата фаза од проектот “УТРЕ” кој заврши со церемонија на која присуствуваа и претставници на донаторите - државни и малцински министерства. Трошоците за домување и инфраструктура во Тузла во рамките на првата фаза на проектот изнесуваат околу 836.000 КМ. На корисниците, избрани во процесот предводен од локалните власти, со подеднакво учество на граѓанскиот и бизнис-секторот, им беше дадена финансиска помош од околу 70.000 КМ по општина, за обезбедување одржливост со враќањето. Церемонијата, чии домаќини беа претставници на општината Тузла, го означи успешното завршување на првата фаза од “УТРЕ”, имплементирана од страна на УНДП. Тузла е една од седумте партнери во имплементацијата, која се реализира и во Добој, во Лукавац, во Босански Брод, во Травник, во Дервента и во Мостар. Во процесот на имплементација УНДП работеше на трансфер на знаење на општината Тузла, доверување на чекорите на имплементација (од избор на корисници за реконструкција на куќите, до имплементација на тендерски процедури) на администрацијата и нејзините невладини партнери во Локалната акциска група (ЛАГ). “УТРЕ” ги вклучува структурите на локалната власт во искажувањето на потребите за враќање, изготвување релевантни интервенции, како и нивно финансирање, имплементација и евалуација, што е логичен иден чекор во постепената промена од постургентно закрепнување по меѓународен мониторинг кон развојно ориентирано и локално водено изготвување програми. Во првата фаза на “УТРЕ” се реконструирани вкупно 333 куќи во седум општини, а проектот поддржува вертикална комуникација помеѓу различните нивоа на власт, со цел првенствено да се помогне системскиот пристап кон планирање стратегија и нејзина ефикасна имплементација. Потврдувајќи го успехот на првата фаза, ЕУ и УНДП доделија уште 4,1 милиони евра за нејзиното продолжение кое започна во септември 2004 година. Г.Ш.
Косово
Радио Тема - најдобро радио на албански јазик во 2004
Валентина Пелицер и Предраг Востиниќ, координатори на “ОнеЊорлд СЕЕ” и “Оне Њорлд СЕЕ Радио”, му ја доделија наградата “ОЊ Радио СЕЕ” за 2004 на Радиото ТЕМА од Урошевац/Феризај за најдобра радиостаница која емитува програма на албански јазик. Наградите започнаа да се доделуваат оваа година на најдобрите радиостаници за изданија на различни јазици од Мрежата, за одлично известување за човековите права, општествената правда и одржливиот развој. Висар Хоти, генерален менаџер на Радиото, вети дека оваа станица ќе го продолжи, дури и ќе го зголеми својот ангажман на полето на човековите права и одржливиот развој во иднина. Хоти го истакна фактот дека Радиот Тема и “ОЊ СЕЕ Радио” имаат исти цели и намери, а тоа е промовирање на создавањето отворени општества во регионот. Тој, исто така, го најави отворањето телевизиска станица која ќе биде дел од Мултимедијалниот центар на Радиото Тема, а која исто така ќе се вклучи во настојувањата иницирани од страна на нејзиниот радиски партнер. “Ја посветувам оваа награда на посветената и професионална екипа на нашето радио, која помина низ многу национални и меѓународни обуки. Во исто време, оваа награда е признание за слободното новинарство на албански јазик”, заврши тој. “ОнеЊорлд Радио Соутхеастерн Еуропе” нуди можност за размена на аудиоматеријали преку интернет. Веб-страницата им овозможува на сите радиостаници и ГО од регионот да разменуваат програми што ги продуцираат на темите човекови права, граѓанско општество, општествена правда, демократија и развој.
Г.Ш.
Балкански младински проект
Нов прирачник
Прирачникот на Балканскиот младински проект за младински граѓански организации во Југоисточна Европа е дизајниран како водич и алатка за организациско зајакнување на младинските граѓански организации во регионот. Тој им нуди на локалните, на националните и на регионалните младински организации од Балканот корисни информации за градењето капацитети и преглед за развојот на младинските политики во земјите од ЈЕИ, со цел да им обезбеди поширока перспектива на оние кои се заинтересирани за поголема соработка на регионално ниво, како и на оние кои бараат информации за одделна земја од Балканот. Прирачникот се фокусира на неколку важни аспекти од работата на младинските организации: правната рамка на граѓански организации во ЈИЕ, градењето капацитети на младинските граѓански организации, одржливост, партнерство наместо конкуренција и информации за работата на младите. Прирачникот е достапен на: www.balkansouthproject.net/engl/01/06.html.
Т.Х.
|