СУДАН
Дарфур - “Најтешката хуманирна криза во светот денес”
Агенциите на ОН известуваат за задоцнет и ограничен пристап до еден милион луѓе за кои се верува дека ги напуштиле своите домови и се раселени по последниот конфликт во Судан. Се проценува дека неколку илјади се убиени и најмалку 100000 се обидуваат да се спасат во соседен Чад, или пак кампуваат долж границата и се се уште подложни на напад. Тие имаат многу малку храна и лоши засолништа. Конфликтот започна во сушната и осиромашена област Дарфур на почетокот на минатата година, откако бунтовнички групи започнаа да напаѓаат владини цели, тврдејќи дека регионот е запоставен од страна на Картум. Како одговор на нападите, владата ја мобилизира арапската полиција Јанјавид да го задуши востанието. Индиректните мировни договори во соседниот Чад не успејаа да ги запрат борбите во регионот, а агенциите за помош страхуваат дека она што веќе се нарекува “најтешката хуманитарна криза во светот денес” ќе се претвори во катастрофа, доколку веднаш не им се даде пристап нна нив.
Т.Х.
|