Албанија
Заврши кампањата “На секое дете му е потребен учител”
Албанската Коалиција за образование на децата, која вклучува 10 главни организации за правата на децата во земјата, успешно ја заврши кампањата „На секое дете му е потребен учител”. Се проценува дека во активностите учествувале околу петнаесет илјади деца и учители, во последните денови на кампањата, 100 деца и учители од Клубот на децата на ЦРЦА и училиштето „Дора Лека”, кои учествуваа и на изложбата на детски слики на тема „Мојот учител”. Истовремено е реализиран и форум во организација на ЦРЦА на тема „Децата за подобро образование, училишни текстови и наставни планови”. Иако во Албанија не недостасуваат учители, образовниот систем е слаб и многу деца и родители се жалат на квалитетот на образованието и на наставната програма, поради што Коалицијата за образование на децата ја посвети кампањата на квалитетот на образованието и квалификувањето на учителите.
Ова е четврта година во којашто граѓанското општество во Албанија е дел од глобална кампања за образование, која се одвиваше во цела Албанија, а главниот фокус беше ставен на организирањето на сензибилизирачки активности во училиштата и локалните заедници со децата, со учителите и со локалните челници.
Г.Ш. |
|