Србија и Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина

Основана експертска група за помирување

Игманската иницијатива, организација која под свое покровителство има над сто НВО од Србија и Црна Гора, Хрватска и Босна и Херцеговина, основала експертска група која треба да изготви модел за помирување на трите држави.

Консултант на експертскиот тим на НВО е Алекс Бореин, човекот кој работел на јужноафриканскиот модел на помирување. Хрватската страна ја претставуваат Зоран Пушиќ и Весна Терселиќ од невладиниот сектор, заедно со Томислав Јакиќ, кој до неодамна му беше советник на хрватскиот претседател Стипе Месиќ. Претставници на Босна и Херцеговина се Вехид Сехиќ од Тузла, Миодраг Живановиќ од Бања Лука и Славко Кукиќ од Мостар, долгогодишни НВО активисти.                 

Г.Ш.