ИСТОРИЈА НА ЃРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО: ПЕТТИ ЈУНИ
Светски ден на животната средина и роденден на УНЕП
Светскиот ден посветен на животната средина - 5. Јуни, беше прогласен со Резолуција на Генералното Собрание на Организацијата на обединетите нации, во 1997 година, одбележувајќи ја познатата Стокхолмска конференција за животната средина. Со уште една резолуција, донесена истиот ден, Генералното Собрание на ООН ја основаше УНЕП - Програмата за животна средина на ООН.
Овој датум, значи, претставува не само Ден посветен на животната средина, туку и роденден на една од најактивните програми на ООН. На овој ден, владите на многу држави, а уште повеќе здруженијата на граѓани, ја изразуваат својата грижа за еколошките проблеми и за загрозеноста на животната средина на нашиот глобален дом. Тоа е еден од датумите кои имаат најмасовна граѓанска акција. Граѓаните и нивните здруженија го одбележуваат на најразлични начини - со протести, трибини, манифестации, садење дрвца, велосипедски трки, улични театри, пишувајќи писма и петиции до владите И до редакциите…
Овој ден се прославува секоја година, секогаш со различно мото. Годинава, Светскиот ден на животната средина беше посветен на водата, и се одвиваше под мотото: “ВОДА: две милијарди умираат за неа”.
Во рубриката “историјат на граѓанското општество” претставуваме настани, иницијативи, програми и поголеми проекти - “меѓници” на граѓанското движење, кои се случиле во тековниот месец, но во изминатите години, не само во Македонија, туку и во светот. Ве повикуваме да испраќате информации за таквите случувања, на нашата адреса: МЦМС, “Никола Парапунов” бб, 1000 Скопје, или на електронската адреса: mcms@mcms.org.mk - во обата случаја, со назнака “За граѓански свет”.
|