6-12 септември

Балкански младински форум

Балканската фондација за деца и млади БЦЈФ (БЦЅФ) го организира Вториот Балкански младински форум, што ќе се одржи од 6 до 12 септември во Трогир, Хрватска, во соработка со Одделот за млади на хрватското Министерство за семејство, ветерани и меѓународна солидарност.

13 септември

Советување за болестите на зависност

Сојузот на жените против дрогата на Македонија и Сојузот за превентива од алкохолизам, никотинизам и наркомании на град Скопје, на 13 септември 2004 година, организираат советување на тема “Болестите на зависност – причина за насилство”. Советувањето ќе се одржи во Домот на хуманитарните организации “Даре Џамбаз”.

16 септември

Заштита на озонската обвивка

Денот за заштита на озонската обвивка е востановен од Организацијата на Обединетите нации, со цел да води постојана кампања против испуштањето материи коишто доведуваат до осиромашување на озонскиот слој и појава на озонски дупки.

 

18 септември

Ден на геолозите

Здруженијата на геолозите од целиот свет го прославуваат 18 септември како ден на “еснафот” и на оваа научна дисциплина.  Денот на геолозите нека биде потсетување за важноста на оваа базична наука и дејност и за потребата од нејзин развој.

 

22 септември

Европа без автомобили

Во Европската Унија, но и во оние европски држави кои с$ уште се надор од неа, 22 септември е прогласен за ден кога автомобилите треба да останат во гаражите и на паркинзите, а наместо нив да се користат јавниот превоз, велосипедите  или, зошто да не - да се оди пеш.



20 септември - 3 октомври

Блиску до мојот сосед Ром


Во Синаија и Букурешт, Русе, Пловдив и Софија,  се одржува програмата за размена на млади лица, под наслов “Блиску до мојот сосед Ром”, подржна од Програмата ЈОУТ (ЅОУТХ) на Европската комисија, со цел е надминување на стереотипите и диксриминацијата на Ромите во Европа.  Учествуваат претставници од Македонија, од Бугарија, од Романија, од Босна и Херцеговина, од Германија и од Шпанија.