Албанија

Годинава 600.000 евра за лицата со посебни потреби

Буџетот за 2006 година во Албанија предвиде да им понуди на лицата со посебни потреби околу 600.000 евра, средства наменети за околу 60 илјади од нив.

Министерот за труд и социјална политика на Албанија истакнал дека лицата со посебни потреби се опфатени од страна на законодавство што се заснова на европски начела и стандарди, но и дека земјата има национална стратегија којашто ќе послужи за подобрување на социјалниот, здравствениот, образовниот, културниот и спортскиот живот и на  вработувањето и професионалното оформување на лицата со посебни потреби.