31 мај

Ден на борба против пушењето

Последниот ден во мај е посветен на глобал­ната борба против пушењето. Оваа навика која секоја година предизвикува милиони заболувања, од кои многу завршуваат со смрт, е раширена најмногу во неразвиените држави. Од неа страдаат не само пушачите, туку и непушачите кои се наоѓаат во нивна близина. Поради сево ова, на меѓународниот ден посветен на борбата против пушењето треба да потсетиме дека тоа е истовремено и борба за основното човеково право на живот во чист воздух и во здрава животна средина.