Промоција на УНИТАС

Форум на младинските организации на политичките партии 

 

УНИТАС - Форум на младинските организации на политичките партии во Македонија, на 22 декекмври 2004 г., и официјално се промовираше како нова граѓанска организација, која обединува 9 младински организации на политичките партии во Македонија.

УНИТАС го сочинуваат членови на ВМРО-ДПМНЕ, Демократската алтернатива, Демократскиот сојуз, Демократската унија за интеграција, Либерално-демократската партија, Обединетата партија за еманципација, Партијата за демократски просперитет, Социјал-демократскиот сојуз на Македонија и Социјалистичката партија.

УНИТАС како граѓанска организација е регистриран на 7 септември, со цел поттикнување и зголемување на дијалогот и соработката помеѓу младинските организации на политичките партии, без оглед на нивните различни партиски или етнички определби, на локално, на национално или на меѓународно ниво. Во своите активности организацијата се залага за спроведување дејности од областа на неформалната едукација, како и за развивање соработка со други локални, национални и меѓународни организации, а е предвидено да работи на неколку проекти: “Школата за млади политичари 5 и 6”, “Дијалог и културен идентитет”, “Политички маркетинг”, Организациски менаџмент и стратешко планирање”, “Дипломатија и дипломатски протокол” и др.

Контакт унитасЖунитас.орг.мк, веб-сајт њњњ.унитас.орг.мк.                 

Д. М.