Нов извештај на ЕУ
Жените заработуваат помалку од мажите
Според новиот извештај на Европската комисија, жените во ЕУ заработуваат 15% помалку од мажите, а напредокот кон надминување на разликите помеѓу половите напредува многу споро.
„Извештајот за еднаквоста помеѓу мажите и жените 2006” што ќе се поднесе до европските лидери на пролетниот Европски совет на 23 и 24 март, бара од земјите на ЕУ да пронајдат подобри начини да им помогнат на жените да ги издржат притисоците на домот и на работното место.
Европскиот парламент усвои извештај по сопствена иницијатива подготвен од Едит Естрела (ПСЕ, ПТ) за еднаквоста помеѓу мажите и жените во ЕУ, во кој членовите на Парламентот бараат „активни и проширени мерки” за имплементирање на законодавството коешто има за цел да ја намали разликата во платите, да ја подвлече важноста од избегнување на половата сегрегација на пазарот на трудот и да побара од членките на Комисијата и на Унијата да ја зголемат застапеноста на жените во законодавните тела. Документот може да се најде на страницата на Европската законодавна обсерваторија за родови прашања: http://www.europarl.eu.int/oeil/file.jsp?id=5199802.
|