Деминирањето во Босна и Херцеговина (2)
Не заборавајте на мините
Организациите се оспособувааат да работат во локална заедница Акците за предупредување на ризик од мини во Босна и Херцеговина почнале да се изведуваат непосредно по војната. Тоа се сметало за ургентна потреба бидејќи бројот на настрадани бил голем во повоените години. Големиот број организации, во најголем дел меѓународни, зависно од областа на своите се занимавале со предупредување на населението на ризиците од мини. Поголемиот број активности се одвиваа во облик на кампања со посредство на мас медиумите. Најмногу внимание им е посветувано на децата. Свесноста за мините (Мине Ањаренесс) се вклучувала и во школските програми во вон наставните активности.
Било потребно да се развијат дополнителни капацитети оспособени да ги развиваат активностите на предупредување на ризикот од мини и да го развиваат во правец за кој биле дадени назнаки во стратегијата на ОН, во политиката на ОН и во стратегијата на УНИЦЕФ - локалната заедница да биде во фокусот на активностите а истовремено МРЕ да се интегрира со останатите противмински акции. Тоа поврзување овозможило да се мултиплицираат ефектите за активностите на редуцирање на мини и нивното општествено економско влијание, било да станува збор за заедницата, оштината, кантонот, ентитетот или за државата во целост. При тоа, не ја напуштавме ни досегашната практика, ни проектите што беа водени. Тие проекти пред се беа насочени кон децата како загрозена популација.
МРЕ програмот се сметал за најразвиен и се нарекувал Мине Ањаренесс (МА) и се изведувал во училиштата низ целосна настава или во наставните активности. Слично се обидувало да се направи и низ планинарските друштва, организациите на младите, извидниците и сличните организациии.
Меѓутоа, и покрај тоа информирање по пат на мас медиумите требало да се развие и третата компонента, компоненета која е поврзана за локалната заедница, со чие што развивање, доаѓа до решавање на проблемот на поврзување на организациите МРЕ, нивното делување во локалната заедница, начинот како, и преку кого да остварат врска во неа, и што е најважно, како да се врши проценка на потребите и квалитетот што таа заедница ги има, како и проценката на ризикот што ја погодува таа заедница. Сега многу повеќе внимание е посветено на тимската работа, на практичните вежби за оспособување на идните инструктури да работат во една заедница - да можат да создадат предуслови таа заедница да ги искаже своите потреби и да создаде една микроструктура која ќе биде во состојба подоцна да се занимава со проблемот на мините и да ги изразува своите потреби кон владата, државата или донаторите.
Подрачја што треба да се одбегнуваат Напуштените и разрушените куќи или згради, приватните имоти, шумите овоштарниците, „стратешките и воените подрачја, необработените и зараснатите подрачја, „ознаките на минските полиња”. Поголемиот број на минските полиња во Босна и Херцеговна не е одбележан.
|