Светски социјален форум - Мумбаи 2004

Нашиот свет не е за продажба


Том Хејдн, Алет Нет, 27 јануари 2004

Светскиот социјален форум успешно ја насочи енергијата на глобалната правда и антивоените сили, исто­времено вло­жу­вај­ќи напори за по­­зитивни ал­трна­­тиви кои­што ќе и да­дат значење на фра­зата “поинаков свет е воз­мо­жен”.

Форумот настана како опозиција на сите неоли­бе­рални институции од типот на СТО, ММФ и Светската банка и намет­ну­вање на оние нео­ли­берални по­­­ли­тики за при­мена на сила во Ирак. Тој служи како круцијален простор за деј­ствување на акциските мрежи, како “Нашиот свет не е за продажба”, коишто ги водеа неодамнешните кампањи во Канкун и Мајами против предложените трговски договори. Покрај тоа, Форумот беше и знак за една длабока солидарност, што се покажа преку ентузијастичките танци, песни и маршови коишто се одвиваа низ улиците на Мумбаи на затво­рањето на годинешниот настан. Редок успех е да се видат на едно место космопилитските интелектуалци од Њу лефт ривју (“Нењ Лефт Ревиењ”) и традиционалните безгласни Далити (недопирливите), Адивасис (локал­ните) и Бразилското безземјено дви­жење. Форумот изгледа сфати, колку тоа и да е непријатно, дека не може да создаде подобар свет во кој ќе бидат изоставени Далитите или Ади­васис, или пак да ги условува со тоа што ќе бара од нив да ја променат својата културна традиција. А, Дали­тите и Ади­в­асис, пак, покажаа дека од искуство знаат дека постои и по­инаков свет испол­нет со потенцијални пријатели кои го под­држуваат нивниот оп­­станок. Резултатот од сето тоа беше со­ли­дарност којашто ги надмина во­оби­чаените говори и ресо­лу­ции, соли­дарност - помеѓу при­ви­ле­ги­раните и проклетите, помеѓу луѓето кои можеби населуваат различни планети, но чии судбини се сепак заемно поврзани - којашто е толку кревка за да се одржи, а сепак толку скапоцена за да се откажеш од неа. Фактот што Форумот, кој потекнува од Бразил, би можел да се вгнезди во ср­цето на Јужна Азија, беше дос­тиг­­нување само по себе. Орга­ни­заторите, Свет­ски­от социјален форум раз­мислу­ваат да се вратат во Порто Алегре, Бразил, следната година, бидејќи набли­жува оној контроверзен кра­ен рок за зат­во­­­рање на Сло­бодната трговска зона на Американците (ФТТА).

Година потоа, се очекува ССФ да се состане во Африка, веројатно во Египет.

 

Нова интернационала

Уште од својот почеток, кај Форумот растеа очекувањата дека можеби ќе стане “нова интернационала”, заме­нувајќи ги традиционалните партии од левиот блок, или пак коорди­нативен центар за кампањи за соли­дарност со работниците, без­­­земјените и локалните групи исклучени од при­добивките на нео­ли­бера­лизмот.

Сега критиките стануваат јавни. Од идеолошката левица доаѓа твр­де­њето дека ССФ “нема идео­логија, нема орга­низација не­ма алтер­на­тиви, нема ми­ли­тантска борба и никаква про­грама” и е алат­ка на фондацијата Форд (која обез­беди  500.000$ за првиот Форум и  300.000$ за вториот, но оваа година беше одбиена од страна на индиските организатори). Каква и да е нивната нетрпеливист кон Форумот, изгледа дека повеќето учес­ници длабоко се противат да пот­паднат во теоретски марксизам. Пошироката критика е дека новиот свет се гради со премногу стари светски навики. Говорите се подед­накво педантни и предолги, темите коишто ги покриваат и се веќе поз­нати на публиката, а времето за поставување прашања секогаш ис­ парува. Некои од водечките учесници на Форумот, како на пример Наоми Клајн, која не присуствуваше оваа година, предложи секој оној кој ќе зборува на некој Форум да мора да биде слушател на следниот. Оста­натите, како на пример Вандана Шива, се жалат дека ССФ почнува да “ими­тира гигантизам и централизирана контрола на доминантните структури кои ги предизвикуват гра­ѓаните”. Сепак, другите ја ставаат под знак прашање доминацијата на добро фи­нан­сираните невладини ор­га­­низации (НВО) во спо­редба со организациите “грас-рутс” кои се борат за својот опстанок, но сепак се ефикасни. Многумина, пак, потврдуваат дека годишната природа на форумите ги одлива и пренасочува ре­сур­­сите од нивните ло­кални кампањи. Тие про­мовираат регионални форуми на секој континент. Најчув­стви­тел­ното пра­шање е како да се справиме со раз­ликите по­меѓу оние кои ултимативно ја фаворизираат поли­тич­ката акција заедно со сите противречности кои­што ги носи со себе, како на при­мер бразилската триум­фал­на Работничка партија кој израсна од социјалните дви­жења и од друга страна оние кои се идентификуваат со силите на директна акција, одземање на зем­јиштето и блокада на патиштата за без­домните и престанување на ра­ботата на Свет­ската трговска орга­низација, ФТАА и други тела коишто се сметаат за нелегитимни. Овие разлики поте­кнуваат од вистинско искуство и се темелат на некогаш под­забо­равената историја. Со деце­нии наназад, Работ­ничката пар­тија беше гласот на бра­зилското угнетено мнозинство, се до успешните избори од пред две го­дини. Нејзиното рако­водство, откако ја доби моќта, мораше да постигне компромис со ММФ за глобално фина­сирање и однатре да ги предизвика СТО и ФТАА, наместо директно да се соочи со ама­рикан­ската империја. Слична патека на моќта следеше и Африканскиот на­цио­нален конгрес (АНК) по победата над апартхејдот. Овие нео­ли­бе­рал­­­­ни ком­про­ми­си ги оставија со­ци­јалните дви­жења во Бразил и Јужна Африка особено  фру­стри­рани во по­тра­гата по од­го­вори, прашувајќи се дали е воз­мо­жен поинаков свет без пои­на­ков пристап кон по­­литиката во це­лост. Резул­та­тот од тоа е криза во стра­тегијата, (премногу) поедноставена како “ре­фор­ма” против “револуција”.

ССФ беше создаден со цел да се посвети само на прашања во еден отворен, плуралистички процес, но неговиот усложнет, бирократски процес и 2100-те поединечни пре­видени настани доведоа до тоа да биде речиси невозможно да се постиг­не каков било консензус. Така, орга­низациските предизвици изгледаат двојни: како прво, како да се постигне позитивен консензус за заедничка гло­бализација без поделба на заво­јувани фракции; и како второ, како да се оствари креативно учество на локални нивоа без да се подготви една трајна, глобтротерска сопствена елита Би било трагично, но не и за првпат во историјата на левите, ако напорите не вродат со плод,. Во овој критичен момент некоја историја е со цел да овозможи поголемо разбирање на предизвиците, почнувајќи од исто­ријата на ССФ и неговите корени во историјата на социјалните движења коишто датираат од пред 150 години. Приказната ќе покаже дека додека ССФ е “пост­марксистички”, односно, покре­нат кон крајот на студената војна и Советскиот Сојуз, неговото наследство лежи во движењата на солидарност, првично созда­дени од Карл Маркс, долго пред да биде инсти­ту­цио­нали­зиран марксизмот.