Од 9 до 11 декември во Скопје

НВО Саем – 5 форум на граѓанското општество во Македонија 

Саем ќе се одржи од 9 до 11 де­кември во Скопје, во просториите на Скопскиот саем. Носечка тема и фокус-земја коишто треба да дадат обележје на настанот и да провејуваат во сите негови компоненти се   “Децентра­ли­зацијата” и  Албанија. По­крај на носечката тема, по­себно внимание ќе им биде посветено и на европската интеграција на Македонија, на невработеноста, на сиромаштијата и на корупцијата, а ќе бидат задржани истите компоненти од претходните четири НВО саеми. Веќе се пријавени 43 форумски расправи, 12 промоции и презентации, 6 едукативни сесии и 11 социо-културни настани.  

На петтиот НВО Саем ќе учестуваат 240 организации од земјата и од регионот, кои својата работа ќе ја презентираат на 100 штанда, а граѓаните  ќе може да се запознаат и со работата на верските заедници во Македонија.

За заинтересираните ќе биде организиран превоз од поголемите градови.      

Г.Ш.