Интервју: ЕРВАН ФУЕРЕ, СПЕЦИЈАЛЕН ПРЕТСТАВНИК НА ЕУ И ШЕФ НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ВО МАКЕДОНИЈА
Заедно ке го изодиме патот кон ЕУ
Неговата екселенција, г. Ерван Фуере, новиот специјален претставник на Европската Унија во Македонија и шеф на Делегацијата на Европската комисија во Скопје, го запознавме како човек кој на нашата влада и го достави мислењето на Комисијата за македонската апликација за членство во ЕУ. Мислењето беше позитивно, а таква беше и јавната перцепција на новиот претставник на ЕУ - како носител на долгоочекуваната, добра вест.