Хрватска Европски центар за непрофитно право
Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) од Будимпешта го објави прирачникот „Право на слобода на здружување кон Европската конвенција за заштита на човековите права и основните права”, од Звонимир Матага, советник на Европскиот суд за човековите права и ЕЦНЛ. Прирачникот е достапен на хрватски, на српски и на босански јазик, а наскоро ќе биде објавена англиската, руската и македонската варијанта. Во него е разгледан начинот на кој слободното здружување е регулирано со Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи и праксата на Европскиот суд, специфично поврзана со слободата на здружување, произлезена од ограничувањата на правата, одговорностите на државата, заштитата пред Европскиот суд и односот на оваа слобода со другите слободи и права од Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи.
извор. Онењорлд
Црна Гора Коалиција “Соработка до целта”
Коалицијата на граѓанските организации „Соработка до целта” оцени дека во Црна Гора не постои институционален механизам за соработка со Владата и предложи три документи за подобрување на таа состојба. Коалицијата, која опфаќа повеќе од 170 граѓански организации, подготвила стратегија за соработка на владата на Црна Гора и ГО, кодекс на ГО и структура на финансирање на ГО од фондовите на јавниот сектор. Координаторот на работната група за Кодексот на ГО, Златко Вујовиќ, изјавил дека тој документ е потребен за да се расветли кои од 3.200 регистрирани организации во Црна Гора имаат легитимитет да ги претставуваат.
извор. Онењорлд
Србија Се подготовува прирачник за даночниот систем за здруженијата на граѓани
„Граѓански иницијативи”, во соработка со Европскиот центар за неприфитно право (ЕЦНЛ) од Будимпешта, во склопот на програмата ЦСАИ (Цивил Социетѕ Адвоцацѕ Инитиативе), што ја спроведува ИТЗ со поддршка на УСАИД, го подготвува Прирачникот за даночниот систем за здруженијата на граѓани на Србија. Прирачникот има за цел да им ги приближи на здруженијата на граѓани прописите кои се однесуваат на даночната материја, а исто така да укаже на одредбите што директно влијаат на финансиското работење на граѓанските организации. Истовремено, систематското „инвентирање” на прописите од областа на даночната проблематика, кои моментално се важечки за граѓанскиот сектор, ќе послужат како основа на јавното застапување за промени со кои би се обезбедило воведување на даночните олеснувања како за тие кои ја поддржуваат работатата на граѓанските организации, така и за самиот граѓански сектор.
извор. Онењорлд
Албанија Младите амбасадори ги едуцираат врсниците Младите амбасадори на Валона си ги поставиле како приоритет Милениумските развојни цели (МРЦ) и спроведуваат кампања за јавното информирање коешто се стреми да го освести и промовира јавното дебатирање и разбирање за целите.
За да ги доближат целите до нивните врсници, тие посетиле едно училиште во Валона, каде во оваа активност учествувале околу 70 ученици и ги информирале за нивното значење, особено за младата популација.
Се задржале на целта бр. 7 - обезбедување одржливост на животната средина, на можноста како да помогнат тие во заштитата на животната средина во Валона, особено на крајбрежјето. Одлучиле да организираат чистење на плажата, во кое би учествувале и учениците од другите училишта.
извор. Онењорлд
|