Фондација за образовни и културни иницијативи “Чекор по чекор”

Активности за поквалитетна настава и образование

Фондацијата за образовни и културни иницијативи “Чекор по чекор” од Скопје веќе неколку години спроведува проекти од областа на образованието, како што се “Креативна настава и учење”, “Социјална инклузија на деца и младинци од економско неразвиени подрачја”, Детски креативен центар “Чекор по чекор” во Скопје и Радовиш, а од јануари  20004 и  проектот “Иницијатива за образование на Ромите”.

Проектот “Креативна настава и учење” се спроведува во 45 основни училишта од целата земја, а од септември 2004 година започна реализирањето на третата фаза, обука во 15 основни училшта. Се спроведуваат семинари во кои се вклучени три компоненти: унапредување на училиштата, образовни техники - “Со читање и пишување до критичко мислење” и обука за користење медијатеки. Со проектот треба да се зајакнат капацитетите на наставниот кадар во училиштата и да се подобри квалитетот во наставата. Проектот е финансиски поддржан од УСАИД и од Фондацијата Институт отворено општество - Македонија. Проектот Детски креативен центар “Чекор по чекор” од Скопје има цел да ги анимира децата посетители на Центрите во Скопје (Младински културен центар) и Радовиш преку интерактивна игра и забава да учат и да го осознаваат светот. Проектот финансиски е поддржан од Балканската фондација за деца и млади.

Во текот на минатата година се реализира и проектот “Иницијатива за образование на Ромите”, во партнерство со 4 ромски граѓански организации и 4 основни училишта, и тоа: две во Куманово, една во Прилеп и една во Скопје. Во него беа вклучени ДРОМ - Куманово, КХАМ - Куманово, Дендо вас - Скопје и Помош за хендикепираните и сиромашните - Прилеп, со цел работа на зајакнување на капацитетите на ромските деца од 5 до 18 години и на капацитетот на наставниот кадар од училиштата. Финансиски проектот го поддржуваат Фондација Институт отворено општество - Македонија, УСАИД и ОСИ - Будимпешта.                                                                

Г.Ш.