ОБУКА ЗА РОДОВИ ОДНОСИ
Застапување на интересите на женитеОд 15 до 18 февруари, оваа година, во хотелот Панорама во Скопје беше одржан првиот дел од обуката за односи со родовите. Учествуваа 16 жени претставнички на женските невладини организации. Инаку, ваквиот вид обука е дел од Програмата за јакнење на капацитетите на женските невладини организации за здравствена едукација што ја спроведува Македонискиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) заедно со Асоцијацијата за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ), Сојузот на организациите на жените на Македонија (СОЖМ), Организацијата на организациите на жените на Македонија (ООЖМ), Сојузот на албанската жена во Македонија (САЖМ), Ромската организација на жените на Македонија (РОЖМ) "Даја", Организацијата на жените на Струмица, Организацијата на жените на Штип и организацијата на жените "Престиж" од Битола. |  |
|