Избор

Слободата на мажите зависи од целосната родова еднаквост на жените

Во саботата, мојата 14-годишна ќерка, Наоми, и јас се придруживме на мировен марш и митинг во Глазгов, Шкотска, организиран од страна на широка коалиција цркви, синдикати, НВО и социјални движења. Целта на маршот беше да се искаже загриженоста за моменталниот човечки масакр во Ирак и да се протестира против надградувањето на Тридент, британски нуклеарен проектил. Во својот говор, лидерот на Шкотскиот црковен совет, постави едно едноставно прашање: „Каква легитимност имаат владите кои искажуваат најголема загриженост за развојот на нуклеарната енергија во Иран доколку тие самите бесрамно се стремат кон усовршување на сопственото нуклеарно оружје?”

Другите говорници прашаа зошто се чини дека преку ноќ се собираат милијарди долари за нуклеарно оружје и други типови оружје, додека споредбено, релативно мали суми пари се нудат за преземање акции против сиромаштијата и нееднаквоста. Помеѓу паролите и знамињата, наидов на две жени од околу седумдесетина години кои држеа мали постери на кои пишуваше: Нема мир без еднаквост на половите! Друго неверојатно обележје на маршот беше учеството на голем број жени, како млади, така и стари. Тоа беше моќен потсетник дека сме во предвечерјето на можеби најважниот ден кој се обележува во целиот свет, Меѓународниот ден на жените. Еден мој пријател, поклоник на феминизмот, еднаш ми рече: „Ако земеме предвид дека мажите владееле со светот толку долго и главно ни дале војни, конфликти и неправда, би било одлично кога на жените би им дале шанса. Колку полошо би го правеле тие тоа?” Во времето кога ја даде таа изјава, мојот пријател-феминист беше во своите доцни дваесетти години и работеше на улогата на мажите во решавањето на насилството врз жените. Во тоа време беше реткост да се види маж-феминист, а и денес ситуацијата не е многу поинаква. Недостатокот на машка вклученост е повеќе од само несреќна околност, тоа претставува блокирање на еднаквоста на родовите.

Како и сите општествени предизвици, така и битката за еднаквост на родовите мора подеднакво да ја делат и мажите и жените. Јас и сите други мажи ќе мора да решиме дали сме дел од проблемот или дел од решението. Како и да е, лидерската улога на жените во борбата за еднаквост на родовите мора да се признае и потврди во секое време. Исто како што би било невозможно некој кој не искусил расизам целосно да ја разбере расната угнетеност, така и мажите, и покрај тоа што ќе ја поддржуваат еднаквоста на половите, тие никогаш нема да можат во целост да ја сфатат половата неправда. Мажите, исто како и жените, важно е да признаат дека ние сите сме производ на интензивна родова социјализација. Дури кога ќе го прифатиме тоа, ќе ни стане јасно дека е потребно повеќе од само силни напори за да сфатиме како ние мажите сме се социјализирале во еден претежно шовинистички свет. Следствено на тоа, на мажите ќе им биде потребен цел живот во потполност да го сфатат влијанието на родовата нееднаквост, а камоли да се справат со неа.

Родовата еднаквост е клучна доколку сакаме да одговориме на различните предизвици со кои се соочува човештвото. Па така, Глобалниот повик за акција против сиромаштијата (Глобал Цалл то Ацтион Агаинст Повертѕ (ГЦАП, њњњ.њхитебанд.орг <хттп://њњњ.њхитебанд.орг/>), чиј глобален секретаријат е хостиран од страна на ЦИВИКУС, е во право кога потесно ги поврзува сиромаштијата со прашањата за родова еднаквост. Членовите на ГЦАП  Феминист таск форс (Феминист Таск Форце) се сретнаа во Најроби, Кенија, пред најновиот Светски социјален форум за да развијат стратегија за мобилизација за Деновите на мобилизација на ГЦАП за 2007 година. Првата мобилизација ќе биде на 8 март, на Меѓународниот ден на жените. Кампањата за 8 март ќе има глобален карактер со осврт на посебните национални и регионални барања, со цел да се наметне притисок на националните и локалните влади. Таск форс ќе продолжи и по завршувањето на Меѓународниот ден на жената да ги „инфицира” сите со клучната порака: „Еднаквост на родовите за да престане сиромаштијата”. Клучната порака која треба да се сфати е дека вклучувањето на прашањето за родова еднаквост е од суштинско значење за општествениот развој.

Еден од најважните слогани кои се изродија од феминистичкото движење беше: „Личното е политичко”. На тоа, јас би сакал силно да го поддржам секој што сака да ја посети страницата њњњ.њхитебанд.орг <хттп://њњњ.њхитебанд.орг/> за да ги види препораките кои  ГЦАП Феминист таск форс ги изготви за дејствување. Таму можете да најдете широк спектар акции кои можете да ги извршувате во својот дом, на работното место и во организациите во кои членувате. Некои од најопипливите препорачани дејства можете да ги најдете испечатени веднаш под оваа колумна.

Од моја страна, во предвечерјето на годинешниот Меѓународен ден на жените, би сакал им оддадам почит на неворојатните жени кои се дел од одборот и персоналот на ЦИВИКУС, на нивната посветеност и активното учество во во работата за еден праведен свет. Особено, би сакал да & оддадам почит на Аруна Рао, претседавачот на одбород на ЦИВИКУС, која раководи со организацијата наречена Џендер ет ворк (Гендер ат Њорк) за нејзината посветеност, водство и поддршка. Исто така, ЦИВИКУС е привилегиран што работи со инспиративни, посветени и храбри жени, без разлика дали се негови членови или партнери и кои ја збогатуваат нашата работа и нe инспирираат да го дадеме најдоброто од себе и, уште подобро, да промовираме еден праведен свет..

Мојата мајка, која почина кога имав петнаесет години, велеше дека е поважно да се обидеш и да не успееш, отколку воопшто да не се обидеш. Нејзиниот релативно краток живот и искуството ме научија дека еднаквоста на родовите е предизвик за сите мажи и жени кои сакаат да создадат праведен свет. Во текот на борбата против апартхејдот, научивме дека белите луѓе никогаш нема да бидат слободни сe додека не се слободни црните. Слично на тоа, мажите нема да уживаат целосна слобода сe додека жените не уживаат целосна еднаквост на родовите.

 

Куми Наидо, генерален секретар на ЦИВИКУС