ВО ЛОНДОН

Отворена канцеларија на Отворено општество

Во Лондон е отворена нова канцеларија од мрежата Отворено општество, финан­сирана од Џорџ Сорос. Оваа кан­целарија ќе и’ помага на мрежата во градење парт­нер­ства со донаторите, ќе служи како канал за проток на информации, воспоставување контакти, ќе помага во развивање коали­ции, а истовремено ќе дава логистичка поддршка на меѓународниот советодавен борд на Институтот отворено општество.

Канцеларијата Отврено општество во Лондон, исто така, ќе работи на подигнувањето на јавната свест во Велика Британија за прашањата кои се од интерес на мрежата. Од оваа канцеларија ќе работат и дирек­торот на програмата Исток-исток, како и европскиот координатор на кампањата „Publish what you pay“.

Причина за отворањето на лондонската канцеларија беше и мошне развиената соработка со невладините организации лоцирани во Лондон, како и со владата на Велика Британија. Оваа канцеларија ќе има задача и да ја координира подобро и да фацилитира во соработката на мрежата со британската влада и невладини орга­низации. Електронската адреса на лон­донската канцеларија е: OSI-London@osi-eu.org.

М.И.

 

 

Интердисциплинарна конференција за централна и источна Европа

Школата за славонски и источно-европски студии (ССЕЕС) на Универзитетскиот колеџ во Лондон, организира интердисциплинарна конференција за регионот на централна и источна Европа, што ќе се одржи во ноември годинава.
ССЕЕС повикува да се подне­суваат реферати кои се однесуваат на пошироките и разновидни релации помеѓу државите, институциите и поединците во овој регион (покрупни искуства но и сосема секојдневни примери). За повеќе инфор­мации можете да се обратите до Школата за славонски и источноевропски студии - ССЕЕС, Сенат Хоусе, Лондон.