Босна и Херцеговина

“Растреси ја државата”

Откако на политичките партии во Босна и Херцеговина им достави 40.000 писма на граѓани,  кои се изјаснија дека на претстојните избори нема да гласаат за политичките партии коишто во своите програми нема да ги вклопат програмите за младите и резултатите од одржаните состаноци со претставници на бројни институции, Младинската информативна агенција на БИХ (ОИА), пред зградата на Парламентот во Сараево ја започна новата кампања „Растреси ја државата!”, која ќе трае до парламентарните избори во октомври.

Агендата на документот е наменета за босанско-херцеговските политичари и ги убедува дека младите да гласаат во многу поголем број, и покрај фактите дека на минатите парламентарни избори излегоа само 25% од нив.

Се наведува дека и покрај општиот став дека младите се апатични, заспани и незаинтересирани, тие ќе гласаат во поголем број бидејќи станува збор за нова едуцирана генерација млади гласачи и затоа што положбата на младите е мотивација за излегување на изборите.

Во „Агендата на младите” се дава преглед на лажните ветувања на разни министри во последните две влади (Резолуција за младите - 2002; иницијативи за отварање на одделението за млади - 2002; отворање ресурсен центар за младите на БиХ - 2003, усвојувањето на Законот за високо образование, усвојувањето на државната стратегија за информатизирање на училиштата - 2004).

Агендата на младите е една од активностите на проектот „Младите и изборите”, поддржан од Фондот Отворено општество БиХ, чија цел е излегување на младите на претстојните парламентарни избори.

Г.Ш. извор: онењорлд