Култура ПРОГРАМА ЖИВО НАСЛЕДСТВО
Поддржани уште 8 проекти
Во рамките на НВО Саемот, на 30 ноември во скопскиот хотел “Александар палас”, беа потпишани грантовите меѓу извршниот директор на Фондацијара Институт отворено општество - Македонија, г. Владимир Милчин, и добитниците на грантовите од програмата Живо наследство, која ФИООМ ја спроведува во Македонија заедно со белгиската Фондација Крал Бодуен.Ова е втор циклус на поддршка на проекти од оваа програма, која инаку во Македонија се спроведува од 2000-та година.
Грантови беа доделени за 8 проекти, што ќе се спроведуваат во Ростуше и Битуше, во Кривогаштани, во Вевчани, во Ново Село (Струмичко), во Врапчиште, во Кратово, во Велешта и во Делогожда и во Варош крај Прилеп. Овие проекти се однесуваат на заживувањето на одредени традиционални занаети или вештини, сочувување и афирмација на фолклорното наследство, создавање нови содржини во општественото живеење преку промовирање или обновување на природното наследство и слично.
Целта на овие проекти, како и на самата програма, е наследството од областа на културата, традицијата и природното наследство условно речено да се исползуваат и да се вградат во одржливиот развој на заедницата. Програмата поддржува проекти што се одвиваат во помали заедници, а притоа партнери можат да бидат невладини организации, локалната самоуправа или пак други организации или институции. Овие проекти ќе бидат реализирани во текот на една година.
М.И.
|