Србија и Црна Гора
База на податоци за стандарди и етика во медиумите и новинарството
Центарот за професионализација на медиумите (ЦПМ) од Белград ја лансира првата електронска база на податоци за професионалните стандарди и етиката во медиумите и новинарството на српски јазик. Во моментов оваа база на податоци е најголема од тој вид во Европа и нуди преглед на сите домашни и на голем број меѓународни регулативи и договори, етички кодекси на домашни и меѓународни новинарски организации и асоцијации, како и етички кодекси на Европската асоцијација на новинарите. Врз основа на базата ќе биде издадена книга и ЦД под наслов “Новинарска етика”, кои првенствено ќе се користат за образование и обука на професионални новинари во редовните програми на ЦПМ.
Т.Х
|