АЗБИЈА МЕМЕДОВА
Не уништи алчноста, себичноста и незнаењето
Професионално искуство: Како социолог, веке 7 години работам во невладиниот сектор. Консултант сум на неколку меѓународни организации, но и тренер и фацилитатор за НВО во земјава и пошироко.

Ангажирање во граѓанскиот сектор: Претседателка на Центарот на Ромите на град Скопје, чија мисија е забрзување на интеграцијата на Ромите во Македонија, преку зајакнување на ромските индивидуални и организациски капацитети. Особено внимание Центарот посветува на јакнење на положбата на жените на национално и меѓународно ниво.
Хоби и интереси: Животни приказни на успешни луѓе, особено на успешни жени.
Најтешка одлука: “Денот што го живееш е резултат на одлуките кои си ги донел вчера”. Како и во секоја работа, така и во мојата, секојдневно сум соочена со ситуации во кои мора да се донесуваат одлуки кои влијаат врз мојот приватен и професионален живот во многу сегменти. Нема најтешка одлука. Секоја одлука носи своја одговорност и свои последици.
Амбиции: Да ги испробам способностите во профитниот сектор.
Во слободно време чита: Книги со содржини во кои се третира местото на жената во општествата, во религиите, особено во исламот, прашањата на идентитетот, но и книги за Сатја Саи Баба.
Каде оди во слободното време: Таму каде што ќе ме однесе мојот две и полгодишен син Исак. Најчесто во парк или на Кале.
За време на викенди: Најчесто работам.
Кој национален/локален проблем го смета за особено важен и зошто: Неспособноста на политичката елита да овозможи достоен живот на два милиони луѓе. Не уништи алчноста, себичноста и незнаењето.
Кој глобален проблем го смета за особено важен и зошто: Нееднаквоста помеѓу луѓето, расната и верската нетолеранција која резултира во најголем дел со крајна сиромаштијата.
Што би променила во Македонија и во светот: Мораме сите најитно да се промениме себеси и своите архаични ставови за сите оние кои живеат до нас и со нас. Ни треба заедничка визија за која сите ќе се бориме. Кога тоа ќе се случи, светот кој сега многу малку знае за нас, сам ќе ни отвори врати.
Совет/порака: Бидете вистински верници: вредностите на сите религии, па дури и оние на атеистите, се секогаш исти - почитувајте ги.
Никогаш не би можела: Да затворам очи пред неправедноста.
|