8-10 мај

Саем на малостопанствениците и на НВО во Прилеп

Три невладини организации, „Феникс“, „Фак“ и „Вис вива“, од 8 до 10 мај  годинава во Прилеп ќе организираат саем на невла­дини организации „НВО-Ескпо“. Саемот ќе се одржи во склоп на саемот за мало­стопанственици “Преда експо“, во орга­низација на Агенцијата за развој на малото стопанство „Преда“.

За секоја организација што ќе учествува на Саемот ќе се обезбеди простор за штанд, презентација преку видеоматеријал или “power point” на видео бим. Исто така, посебен акцент ќе се стави на одржувањето на Форумот, каде ќе се дискутирана на четири теми: Соработка помеѓу НВО и бизнис-секторот, Соработка помеѓу НВО и медиу­мите, Коалицирање помеѓу НВО, и Односите на НВО со институциите на власта.