ЦЕНТАР „СИМОН ВИЗЕНТАЛ“

Реинкарнација на антисемитизмот во Грција

Центарот „Симон Визентал“, со седиште во Виена, Австрија, предупредува на напливот на антисемитистички тенденции кои се јавуваа на југот на Европа – во Грција. Повеќе написи во весниците, како оној објавен во „Елефтеротипија“ во кој се вели дека Евреите го заслужиле Хитлер, и дека тие се животни „кои треба да си го проголтаат јазикот“, ги возбуди не само Евреите во Грција и во светот, туку и сите слободољубиви луѓе.

На оваа атмосфера се надоврзува и изложбата наречена „Млеко на телото“, отворена во една од атинските галерии, во која се глорифицира „хероизмот“ на арапските жени-самоубијци кои вршат тероростички бомбашки напади во Израел.

Д-р Шимон Самјуелс, директор за меѓународни односи во Центарот „Симон Визентал“, упати писмо до грчкиот премиер, Костас Симитис, во кое предупредува дека оваа изложба ќе продолжи да ја труе климата во Атина, која веќе е затруена со антисемитистичките написи во грчките весници. Тој исто така нагласи дека ваквата атмосфера е целосно контрадикторна со олимпискиот дух и дека на Грција, во пресрет на Олимпијадата, ни најмалку не & служи на честа.

М.И.