Публикации

 

ХЕЈЛО!

Како проект на Центарот за граѓански и човекови права, излезе и вториот број на магазинот  ХЕЈЛО (ХЕЈЛО)!

Озаконување на истополовите врски: „Истополова заедница во Македонија!” е носечката тема на овој број, во кој се поместени и текстови за психологијата на сексуалната ориентација, правни совети и др.

 
Стратешки план за локален развој на општината Гостивар

Општината Гостивар беше една од фокус-општините во програмата Регионална меѓугранична соработка, каде се опфатени уште Призрен, Драгаш (Косово) и Кукс (Албанија). Во рамките на програмата беше предвидено и изготвувањето План за локален развој на општината. Во публикацијата се опфатени пристапот и процесот за изработка на планот и визијата и стратешките цели за идниот локален развој на општината. Публикацијата, освен на македонски јазик, е испечатена и на албански и на англиски јазик.

Изготвувањето и публикувањето на Планот за локален развој на општината Гостивар е помогнато од страна на Македонскиот центар за меѓународна соработка, финансирана од ИЦЦО - Холандија.