кампања
Јадете помалку месо, светот ќе биде побогат
Светската организација за храна – ФАО, предупреди дека во светот значително е зголемена консумацијата на месо – за последните 40 години таа порасна од 56 на 89 килограми по човек годишно, во просек во Европа, а од 89 на 124 килограми во САД. Во Кина, пред 40 години луѓето јаделе просечно само 4 килограми месо, а сега 54.
Организацијата “Цомпассион ин Њорлд Фарминг” од САД покрена кампања “Јадете помалку месо”, посочувајќи дека производството на месо, освен вечните етички дилеми, предизвикува и значителна потрошувачка на храна – скоро една третина од светското производство на житни растенија се користи за исхрана на животните на фармите за месо. Оваа кампања ги користи како аргумент и препораките на Светскиот фонд за истражување на ракот, којшто упатува на исхрана во која доминираат растителни производи, како превентива и лек во борбата против ова заболување.
М.И.
|