КЛУБ НА ЧИТАТЕЛИТЕ

Популаризација на читањето

Првиот клуб на читателите кај нас е оформен во Културниот центар Точка, преку здружението Контрапункт и издавачката куќа Темплум. Член на клубот може да стане секој кој ќе купи една книга во издание на Темплум. Со тоа, се обезбедува 35 отсто намаление при купување на сите изданија на оваа куќа. За да не се загуби членството, обврска на членот на клубот е да купи една книга во секое тромесечје.

Со оваа активност, Темплум и Контрапункт се приклучуваат кон голеемата кампања што ја водат повеќе издавачи кај нас, со цел да се популаризира културата на читањето. Со таа цел, изданијата на Темплум имаат и исклучително популарни цени. Зачленувањето може да се изврши во Културниот центар Точка, кој се наоѓа на улица Илинденска 38 во Скопје.

М.И.