НАГРАДИ ЗА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО И ДЕМОКРАТИЈА И ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ
Поддршка на позитивните примери
Во 2001 година МЦМС ги востанови двете награди – Награда за граѓанско општество и демократија и Награда за одржлив развој “Херт Јан ван Апелдорн”.
Овие награди беа поддржани од фондот што МЦМС го создаде откако и самиот доби признание за развој на демократијата и граѓанското општество во 1998 година – Наградата доделена од САД и Европската Унија.
Добитник на првата Награда за граѓанско општество и демократија, за долгорочен придонес, беше Првата детска амбасада “Меѓаши”. Наградата за одржлив развој “Херт Јан ван Апелдорн” ја добија г-ѓа Кристина Дикинсон, за постигнувањата во претходната година и д-р Јосиф Таневски, за долгогодишни постигнувања.
Наградите на свеченоста во просториите на МЦМС, во присуство на голем број новинари и гости, ги додели д-р Мирко Спировски, претседавач на МЦМС.
|