НВО САЕМ

Претставување на граѓанскиот сектор

Во 2001-та година, МЦМС беше иницијатор за организирање на првиот НВО саем во Македонија. Тој се одржа во Скопје, со финансиска поддршка од МЦМС и од Европската комисија.

Овој настан ги собра на едно место повеќето граѓански здруженија од Македонија, кои и се претставија на македонската јавност. Беше предизвикан голем медиумски интерес. НВО саемот стана традиционална манифестација, која оттогаш се организира секоја година.