ИНСТИТУТ ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА НА ГЕРМАНСКИОТ СОЈУЗ НА НАРОДНИ УНИВЕРЗИТЕТИ

Како да се учи порационално?...

Институтот за меѓународна соработка на Германскиот сојуз на народни универ­зитети, преку своето Проект-биро во Скопје, ја издаде на македон­ски јазик книгата „Научете да учите порационално” на авторот Регула Шредер-Неф.

Книгата има поднаслов „Совети и вежби за сите љубители на знаењето”, а како што стои во нејзиниот предговор, од првото до ова, 18-то издание на книгата, или во период на 10 години, во Европа беа направени многу истражувања за новите и поефикасни методи на учењето, а во некои области, како истражување на мозокот, системи за меморирање, информациска технологија, се постигнати значајни резултати.

Покрај резултатите од овие истражувања книгата опфаќа и области на техниката на учење во кои денес важни помагала се компјутерите: банки на податоци, обработка на литература, барање информации и други.

... и Билтен за образование на возрасни

„БилОВ” е периодично издание на Институтот за меѓународна сора­ботка на Германскиот сојуз на народни уни­вер­зитети. Овој билтен има поднаслов „Билтен за образование на возрас­ни во Македо­нија” и дава инфор­мации од областа на дооформувањето на редовното и поната­мошното образование на возрасните лица.

Билтенот е отворен форум за информации и дискусии за сите актуелности и проблеми од оваа сфера, а обработува провокативни теми како што се изучувањето на странските јазици, примери од практиката на средното и дополнителното образование за возрасни кај нас, странски искуства, можности за прекфалификација и други.