Социјална одговорност
Оценка на јавните набавки во Чешка
Системот за јавни набавки, според истражувања на Светската банка, е најподложен на корупција. Транспаренцѕ Интернатионал – Цзецх Републиц (ТИЧ), во декември 2004 стартуваше проект фокусиран на јавните набавки во Чешка. Долгорочна цел на ТИЧ е овој проект да придонесе кон потранспарентни процедури и да се минимизираат можностите за коруптивни практики во процесот на јавни набавки.
ТИЧ направи проценка на неефикасно користените фондови при јавни набавки во Чешка на загубите кои произлегуваат од тоа и оценка на недостатокот од транспарентност на јавните набавки. Експерти од областа на јавно финансирање, јавна администрација и локална самоуправа од Универзитетот за економија од Прага, подготвија методологија, која овозможи мапирање на процесот на јавни набавки на централно и локално ниво и одредување на обемот на неефикасно алоцирани средства. Анализата се базираше на податоци добиени од Министерството за финансии, Чешкиот завод за статистика и други државни институции.
Истражувањето утврди дека во 2004 година, трошоците за набавка на добра и услуги од страна на централната власт изнесува 4.3% од БДП, а 14,7% од нив се искористени неефикасно. Набавките пак на локалната самоуправа изнесувале 6.2% од БДП, од кои 12% биле искористени неефикасно. Главната причина за тоа, е влијанието на политичките претставници во процесот на одлучување за доделување на договорите за јавни набавки. Политичарите на сите нивоа, го користат своето влијание да ги прилагодат условите за избор, се мешаат во работата на комисиите за набавки и имаат право да ги отфрлат одлуките на овие комисии. Покрај тоа, на јавната администрација & недостасуваат ефективни контролни механизми.
Оценката исто така покажа, дека има значајно отсуство на транспарентност и во однос на доделувањето на договорите за градежни работи и дека постојат блиски релации меѓу некои градежни компании и некои локални политичари.
Во истражувањето беа анализирни набавките и на Министерството за одбрана. Во табелата подолу се презентирани податоци за начинот на доделување на договорите во ова Министерство во текот на 3 години.
Очигледно е дека многу малку од ресурсите биле алоцирани со отворени тендери, а на системот му недостасува транспарентност и во многу од случаите, немало објективна причина да се пристапи кон набавки со ограничен тендер или непосредна спогодба.
За лошата состојба на полето на јавни набавки во Чешка, има неколку причини: ниско ниво на волја за обелоденување на какви било информации, блиски релации со добавувачите и недоволна контрола и мониторинг од надлежните тела, опозицијата, медиумите и јавноста. Една од клучните препреки е отсуството на политичка волја за навистина да се подобри ситуацијата.
Во 2006 година проектот продолжи со подготовка на специфични законски мерки, кои треба да ја зајакнат институционалната контрола на процесот на јавни набавки, лобирање до законодавството за прифаќање на реформите и набљудување на економските активности на јавните претпријатија.
|