Албанија
Албанија подготви програма усмерена во борбата против ХИВ/СИДА
Албанија се подготви на шестгодишната национална стратегија усмерена во борба против ХИВ и СИДА. Министерството за здравство е задолжено за овој проект кој е спонзориран од УНДП, а помош на проектот ќе му понудат и стручњаци од другите министерства, од меѓународни организации и од невладини организации. Акцентот ќе биде ставен на превенција на болестите и лечењето на заразените лица. Второто прашање е од голема важност поради високите цени на лековите.
Официјални извори потврдуваат дека министерството започнало со купување лекови за лечење на заразените лица, додавајќи дека за 25 лица од вкупниот број случаи е потребен итен третман. Владата најави дека ќе издвои 126 милиони евра за лечење.
Спрема податоците објавени на светскиот ден на борбата против СИДАТА во 2003 година, во Албанија постојат 116 лица заразени со ХИВ или заболени од СИДА. Петмина се деца под 15 години возраст. Вкупно околу 40 лица во Албанија умреле од СИДА.
|