Најнова оценка на Институтот за политички студии (ИПС) од Вашингтон
Анализата на војната во Ирак остава мрачна слика
Најновата оценка на прогресивниот екпертски тим, Институтот за политички студии (ИПС) од Вашингтон, е дека војната во Ирак претставува навистина лоша ивестиција, како за човечките животи, така и за даночните обврзници. Се разбира, освен ако не поседувате голем број акции во Халибартон или некоја друга компанија која се занимава со одбрана, безбедност или градежништво.
Од она што според ИПС претставува прва сеопфатна анализа на трошоците на САД, но и за поголемиот дел од светот за војната во Ирак, тие заклучуваат дека не само што американските даночни обврзници платија “превисока цена за војната”, туку и станаа “помалку сигурни, како во својата земја, така и во светот”. Наведувајќи неколку понови студии, извештајот со наслов “Плаќање на цената: растечките трошоци за војната во Ирак”, исто така бележи дека со 151,1 милијарда долари кои ќе се потрошат во текот на оваа фискална година, би се покрило комплетното здравствено осигурување за 82 милиони деца во Америка, односно платите на околу три милиони наставници од основните училишта. Според една студија која е наведена во 54 страници долгиот извештај, војната и окупацијата ќе го чини едно просечно американство домаќинство/семејство барем 3.415 долари до крајот на годината. Доколку се потроши на меѓународни програми, истата сума би можела да го преполови гладот во светот, да ги покрие трошоците за лекови за ХИВ/СИДА, вакцини за децата и чиста вода и санитетски потреби за сите земји во развој за период од повеќе од две години. Извештајот беше објавен само една недела пред планираното предавање на “суверенитетот” на Ирак од страна на Привремената коалициска власт (ЦРА) на привремената влада, иако неговите автори нагласуваат дека новите власти во Ирак ќе практицираат многу ограничено владеење со оглед на постојаното присуство и автономноста на повеќе од 160.000 американски и други странски трупи под воено раководство на САД и нивната неможност да поништат речиси 100 наредби издадени од водачот на ЦПА, Пол Бремер. Според една анкета од средината на мај, нарачана од ЦПА, повеќе од 80 проценти од Ирачаните рекле дека не им веруваат на окупаторските власти, а 55 проценти рекле дека би се чувствувале побезбедни кога силите на коалицијата би ја напуштиле земјата. Додека финансиските трошоци за војната се огромни, така и загубите во крв, за граѓаните на САД, како и за Ирачаните, во никој случај не се незначителни. Повеќе од 850 американски трупи беа убиени од почетокот на војната на 19 март 2003 година, нешто повеќе од 700 откако американскиот претседател Џорџ В. Буш означи крај на непријателството на 1 мај 2003, правејќи ја постборбената фаза на војната далеку најкрвава по конфликтот во Индокина. Згора на тоа, повеќе од 5.134 трупи беа ранети до 16 јуни од кои 4.593 по официјалниот крај на борбата. Според извештајот, околу две третини од ранетите се здобиле со толку тешки повреди, што потоа не можеле да и се вратат на должноста. Како и да е, и покрај прецизното бомбардирање и другото оружје и тактики креирани да се намали “колатералната штета”, бројот на загинатите Ирачани е многу подраматичен, се трврди во извештајот на Филис Бенис, главен аналитичар на ИПС за Средниот Исток. Од 16 јуни па наваму, се проценува дека меѓу 9.436 и 11.317 цивили се убиени како директен резултат на американската инвазија и претстојната окупација, а ранети се околу 40.000 Ирачани. Извештајот исто така проценува дека за време на “најголемите борби” во операциите за време на инвазијата, како и по 1 мај 2003 година, помеѓу 4.895 и 6.370 ирачки војници и бунтовници се убиени до средината на јуни. Овие цифри не ги вклучуваат долгорочните последици по здравјето од проценетите 1.100 до 2.200 парчиња артилерија кои содржат осиромашен ураниум, а кој беше ослободен во текот на март 2003 година. во бомбашката кампања и кој според многу научници е главниот виновник за болестите кај американските војници во Првата заливска војна и седумкратното зголемување на заболувањата кај новороденчињата во јужен Ирак од 1991г. па наваму.
Автор на текстот Џим Лоуб (Јим Лобе)
њњњ.антињар.цом
|