Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина.
Нанотехнологија е секоја технологија чие поле на дејствување е од атомски или молекулеарен вид, со големина меѓу 1 и 100 нанометри, т.е. милијардити дел од метарот. Иако користењето на оваа наука е неодамнешен феномен, се проценува дека вредноста на производите во кои се користи нанотехнологијата е речиси 7 милијарди долари.
Во прехранбената индустрија оваа технологија се користи во разновидни цели, вклучувајќи ја детекцијата на бактериите во пакувањата или производство со силни ароми и бои, објавено е на интернет-страницата њњњ.фоодпродуцтиондаилѕ.цом.
“Пријателите на планетата Земја” во Европа, во САД и во Австралија побараа привремен прекин на користење на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, тврдејќи дека нејзините ризици по човековото здравје не се доволно истражени. Според нив, наночестичките се многу “биоактвини”, т.е. брзо се апсорбираат во човековите клетки, ткива и органи. Кога ќе се апсорбираат, одделни наноматеријали можат да се покажат отровни за човековото тело, што може да резултира со зголемен оксидативен стрес, тврди групацијата. Се смета дека оксидативниот стрес поттикнува широка лепеза на хронични болести, вклучувајќи рак, кардиоваскуларни болести, артритис, дијабетес и невродегенеративни заболувања, како што е Алцхајмеровата болест.
ФОЕ исто така свртува внимание дека нанотехнологијата може потенцијално да ја уништи биолошката разновидност во прехранбените системи низ светот. “Поради тоа, сите произведени наноматеријали мора да поминат низ строга проверка за нивното влијание врз здравјето и човековата околина и да се покажат безбедни, пред да добијат одобрение за комерцијално користење во прехранбените производи, амбалажите за прехранбената индустрија, материјалите кои доаѓаат во допир со храната или примената во земјоделството”, наведено е во студијата.
Уште еден голем проблем врзан за нанотехнологијата е и сегашното неразбирање кај јавноста, следствено на тоа дека “комерцијалното користење на нанотехнологијата и наноматериите во прехранбената индустрија е обвиткано со таен превез”.
Прехранбените производители се обвинуваат дека потрошувачите ги држат во незнаење за тоа дали ја користат таа технологија или не, со оглед на тоа дека од нив се бара да истакнат посебни назнаки на нанопроизводите. Некои од големите светски прехранбени компании, вклучувајќи ги “Крафт”, “Кадбери”, “Нестле” и “Унилевер” на некој начин ја користат оваа технологија, но многу поголем број од нив можеби користат наноматеријали, но не се говори околу тоа. Освен барањата за обврзни назнаки “нано” на прехранбените производи, ФОЕ од прехранбената индустрија бара да ја вклучи јавноста во сите аспекти за донесување одлуки кои се однесуваат на нанотехнологијата во прехранбените производи и во земјоделството.
Важечките прописи врзани за храната во ЕУ, во САД и во Австралија ги третираат сите честици подеднакво, што значи дека ако некоја прехранбена состојка е одобрена во количина на големо, таа автоматски е одобрена и во наноформа.
Меѓутоа, Европската комисија во февруари 2008 г. издаде доброволен кодекс на однесување за нанотехнолгијата, укажувајќи дека поранешните истражувања за нејзиното влијание врз здравјето е штетно. Прописите на ЕУ за пакувањата на прехранбените производи ЕЦ1935/2004 исто така моментално се преиспитуваат. Овој пропис ги покрива сите материјали кои доаѓаат во допир со храната, а Институтот за прехранбена наука и технологија повика тој да се прошири и на наноматеријалите.
|
|