Светски совет на црквите

Изјава на Извршниот комитет за Иран за нуклеарната пролиферација

Светскиот совет на црквите во неколку наврати го искажал својот став дека „единствената конечна заштита од нуклеарно оружје е неговата целосна елиминација” (ЕС, февруари 2004 год.), забраната и механизмот на ефикасна меѓународна инспекција и контрола (Второ заседание, 1954 год.). Договорот за нуклеарна антипролиферација (НПТ) е единствениот договор во меѓународното право којшто формално се залага за овие цели, а за ССЦ тој претставува документ од фундаментално значење којшто бара од сите земји да бидат прецизни и одлучни во исполнувањето на нивните целосни обврски од Договорот

Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) има специјален мандат да го набљудува и да го потврди придржувањето кон договорот на земјите потписнички за некористење на нуклеарно оружје. ИАЕА исто така е задолжена да потврди дали некоја или сите програми на тие земји се транспарентни и дали се ограничени на мировните цели коишто ги допушта НПТ. Исто така, од суштинско значење е дали сите земји потписнички на Договорот се дел од, односно целосно се придржуваат до Договорите за безбедност на НПТ со ИАЕА и дека го ратификувале и спровеле Дополнителниот протокол за договорите за безбедност со ИАЕА.   

Поради сево ова, Светскиот совет на црквите ја повторува својата длабока загриженост дека авторитетот и ефикасноста на НПТ се нарушени поради неуспехот на неговите членови да постигнат каков било договор на Конференцијата за преглед на НПТ за 2005 година за напредокот на напорите за нуклеарна непролиферација и разоружување, како и поради неуспехот на меѓународната заедница да наложи итно нуклеарно разоружување преку конечн иот документ на Светскиот самит во 2005 година.  

ССЦ е исто така длабоко загрижен дека голема закана за авторитетот и ефикасноста на ИАЕА, како и нејзината цел за нуклеарно разоружување, претставува неуспехот на Иран целосно и недвосмислено да соработува со ИАЕА во процесот на верификување на сите елементи на иранските нуклеарно програми со што би се докажало дека служат единствено за мировни цели. Историјата на Иран како земја позната по своите тајни нуклеарни истражувања, неговиот неуспех да & обезбеди на ИАЕА целосен и тековен пристап до сите нуклеарни објекти, како и неуспехот задоволително да се изјасни во поглед на сите важни прашања коишто ги постави ИАЕА за време на својата инспекција, претставува нарушување на обврските и ги поткопува заложбите за договорената глобална цел за целосно нуклеарно разоружување.   

Она што дополнително ја загрижува меѓународната заедница е тоа што историјата на Иран на непридржување понекогаш е придружена со изјави на омраза и неодговорност кон Евреите и Израел како држава. Освен што бараме од Иран да преземе посебни чекори со коишто ќе & гарантира на меѓународната заедница дека не работи на тајни нуклеарни програми, исто така бараме и од САД да преземат чекори со коишто ќе гарантираат дека сите земји од НПТ ќе ги почитуваат своите обврски од 1995 година.