Страници за меѓусебно разбирање

“Меѓутоа” прави промена во перцепцијата на читателите

Македонскиот центар за меѓународна соработка и Здружението на новинарите на Македонија на крајот од 2004 година ги пре­зентираа резултатите од второто истражување за видливоста и влијателноста на страницата “Ме­­ѓу­­­­тоа”.

Спо­ред нив, страницата “Меѓутоа” која се објавува секој четврток на страниците на Дневник, Утрински весник, Факти, Вечер и неделникот Лоби е забележана од 40% од анкетираните, што е 11% повеќе во однос  на првото истражување направено пред шест месеци. Редовни и повремени чи­татели страницата има вкупно околу 25% од анкетираните. 21% од анкетираните сметаат дека е одлична можност на едно место да се прочитаат написи во врска со меѓуетничките односи, објавувани во различни весници на различни јазици, а дури и мала промена во перцепцијата за настаните се случува кај околу 28% од читателската публика. Во врска со динамиката на објавување на страницата, 24% од испитаниците изјавиле дека страницата “Меѓутоа” треба да излегува еднаш неделно; 7% би сакале да излегува два пати неделно, а 7% поретко од сега (еднаш во две недели).

На страницата “Меѓутоа” се објавуваат веќе објавени написи од петте весници, кои ги третираат меѓуетничките односи во Македонија. “Меѓутоа” е дел од програмата Страници за меѓу­себно разбрање што финансиски ја поддржа Европската агенција за реконструкција. Целта на програмата е да се подобри информираноста на јавноста за меѓуетничките односи во Маке­донија и да се влијае врз медиумите известувањето за меѓу­етничките односи да биде објективно и сестрано.

 

Гонце Јаковлеска