Доделени традиционалните награди на ДЕМ

“Зелено” и “Гнило јаболко”, секому според заслугите 

Движењето на екологистите на Македонија ја награди ревијата “Екологија” со “Зелено јаболко” за 2004 година, заради десет­годиш­на успешна работа како единствено специјализирано списание за едукација и информирање за заштитата на животната средина, природата и човековото здравје. Ревијата е оценета како информатор за гра­ѓаните и еколошки учебник за децата и голем поддржувач на активностите на ДЕМ. “Екологија” излегува еднаш месечно од 1994 година, се печати на рециклирана хартија и во боја, а во нејзини рам­ки постои и клуб “При­јатели на децата”, кој ги обединува сите екосекции во училиштата и учествува во многу активности посветени на животната средина.

“Гнилото јаболко” за 2004 година го доби Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заради повеќе законски прописи и правилници, излевање на јаловиштето во рудникот Саса, неконтрола на каналите за одводнување, за штетните концесии за риболов во Охридското и Преспанското Езеро, несорабтка со ДЕМ и нетранспарентност во работата. Иако традиционално никој не го подига “Гнилото јаболко”, ДЕМ на Министерството му го испрати по пошта. ДЕМ додели и јавни благодарници: на адвокатот Васко Ѓорѓиев за застапување на правата на еколошкото друштво “Вила зора” од Велес и за застапување на други еколошки организации пред судот без надомест, на А1 телевизија, на Македонската радио телевизија, на весникот Дневник и на новинарот Дра­ган Јаневски заради навременото информирање и интересирање за еколошките проблеми, посебно за загадувањето на Велес, непристрасно­то и независното презентирање на проблемите околу загадувањето и за соработка со еко­лошките организации, член­­ки на ДЕМ. Телевизијата ТВМ од Охрид доби јавна благодарница заради континуираното актуелизирање на прашањето за состојбата со Охридското Езеро, како што се загадувањето на притоките, урбанизацијата на просторот, на­малувањето на рибниот фонд, соработката со еколошкото друш­тво Грашница и подигнувањето на еколошката свест кај населението.                           

С.Н