Фулбрајтова програма - Ученици на новиот век
„Кон еднаквост: Глобална еманципација на жените“
Советот за меѓународна размена на ученици ја најавува третата година од Фулбрајтовата програма - Ученици на новиот век. Станува збор за глобална програма за индивидуално истражување и мултидисциплинарна/мултинационална соработка која годинава се реализира под работна тема „Кон еднаквост: Глобална еманципација на жените“.
Програмата ќе поддржува дипломирани студенти и професионалци кои сакаат да ја делат својата работа и да изградат соработка во рамките на гореспоменатите заедници, како и меѓу нив самите. Ќе бидат избрани околу 30 члена од САД и од останатите земји од светот, а предвидено е учениците на програмата да спроведуваат индивидуални истражувања, да вршат меѓународни посети со размена, во времетраење од два до шест месеци, како и да учествуваат на програмски семинари во САД и пошироко. Со здобивање на знаењата ќе може да се идентификува и пренесува искуството од заедничките проекти на понапредните истражувања, образованието и/или политиката, со цел подобрување на животот на жените. Учесниците ќе бидат наградени со средства во висина од 41.500 долари, плус патни трошоци и дневници за ориентација и програмски семинари.
Краен рок за аплицирање: 15 декември 2003 г.
За повеќе информации:
http://www.cies.org/ncs/
Г.Ш.
|