ГРАѓАНСКИ ПАКТ ЗА ЈИЕ
Да ги укинеме визите!
Здружението Граѓански пакт за Југоисточна Европа од Белград спроведува кампања за укинивање на визите, во која се повикуваат земјите-членки на Европската Унија да ги укинат шенген-визите за државите од Југоисточна Европа.
Здружението организира потпишување петиција преку интернет, на веб-страницата www.citizenspact.org.yu/novisa/index.php Петицијата е упатена до владите на државите на Југоисточна Европа, Европската Унија и другите европски држави, како и до телата на ЕУ, Пактот за стабилност и до претставниците на меѓународната заедница. Во неа се бара да се воведе безвизен режим внатре во регионот на ЈИЕ, како и на релацијата на овој регион – Централна и Западна Европа (шенген-зоната).
М.И.
|