Економско образование за млади менаџери

Самовработување во сопствен бизнис

Здржуението на граѓани “Економско образование на млади менаџери” - (Јуниор Ацхиевемент), финасирано од Европаската Унија, а раководено од Европската агенција за  реконструкција во рамките на програмата КАРДС за пилот-проекти за поддршка  на политиката за вработување го реализира проектот “Самовработување во сопствен бизнис”, кој досега се имплементираше во Охрид, Битола, Штип, Куманово и Гостивар.

Бесплатните обуки како дел од  проектот ги посетиле 150 невработени млади луѓе кои имаат намера да  отпочнат сопствен бизнис или се во фаза на регистрирање сопствени бизниси. Во првите три месеци од годинава тие се реализираат во Скопје, а во април ќе бидат реализирани и во Тетово. За нивно  следење на слушателите не им е потребно претходно знаење за функционирањето на бизнисите, бидејќи тие следат предавања на универзитетски професори од Економскиот институт во Скопје кои преку посебна  дизајнирана програма ги пренесуваат сознанијата за стекнување искуство за водење сопствен бизнис, давајќи и консултантски совети за новоформираните бизниси во траење од три години. По за­вршу­вањето на обуката, учес­ниците се стекнуваат со право за добивање кредит од кредитниот фонд на програмата.

Целта на проектот “Само­вра­ботување во сопствен бизнис” е развој на прет­прие­мнич­киот дух помеѓу младите невра­бо­тени Ро­ми, Албанци и Маке­дон­ци, за да им се даде на­деж и знаење за отпоч­нување  на сопствен бизнис, а партнери  во спро­ведува­њето се: ФИООМ, Еко­номскиот институт од Скопје во сора­ботка со гра­ѓан­ските организации Мла­дински совет - Охрид, Сонце - Тетово, Дром - Куманово, Лулуди - Скопје, Норма-Ф - Скопје, Баирска светлина - Битола, Романи асвин - Штип и Центар за пермакултура и мироградба - Гостивар.

                      К.Б.