ОЈ БИЛ ФРИТЈОФ НАНСЕН?

Живот во служба на човештвото

Фритјоф Нансен (1861-1930) е познат норвешки истражувач на поларните предели и океанограф, човек кој е познат по своите експедиции на Гренланд и на Северниот Леден Океан со легендарниот брод “Фрам”.

Нансен е исто така познат по својот космополитизам и по политичкиот ангаж­ман. Тој е добитник на Нобеловата награда за мир во 1922 година.

По Првата светска војна, Нансен бил ангажиран од владата на Норвешка да работи на проблемот на воените заро­беници, бегалците и малцинските групи. Познат е Нансеновиот пасош (Certificat Nansen), документ за потврда на иден­титетот и патна исправа. Тој првпат почнал да им се дава, по Првата светска војна, на руските бегалци, а подоцна и на други емигранти, со што се утврдил нивниот правен статус до евентуалното стекнување државјанство. Денес се употребува низ светот за раселените лица.