Косово
Трговија со луѓе и принудна проституција на жени
Амнести интернешнл, меѓународна организација за човекови права од Велика Британија, издаде опширен извештај под наслов “Дали тоа значи дека имам права?” Заштита на човековите права на жените и децата - жртви на трговијата со луѓе за принудна проституција во Косово. Извештајот пишува за страдањата на жени и девојчиња (некои на возраст од само 11 години) со кои се тргувало на Косово од Молдавија, од Романија, од Бугарија, од Украина и од други места од светот, на кои им се нудела лажна можност за работа, за потоа да бидат присилени на проституција.
Според организацијата, ова било потпомагано од присуството на меѓународните мировни сили. Извештајот за прв пат ги открива маките на жените и девојките од Косово со кои се тргувало и биле присилени на проституција. Целокупниот извештај можете да го погледнете на: http://web.amnests.org/librars/index/ENGEUR700102004
Т.Х. |