УНДП

Културните слободи во светот

УНДП - Програмата за развој на Организацијата на Обединетите нации, како и секоја година, го објави Извештајот за човековиот развој. Годинава тема на Извештајот е “Културната слобода во денешниов свет на различности”. Темата опфаќа различни аспекти на културните слободи и дебатира околу фактот дека тие треба да бидат прифатени како основно човеково право, како и неопходна потреба за развојот на со повеќе растечката културна различност на општествата во 21 век.

Луѓето во секоја држава имаат право да го негуваат и практикуваат својот етничко-лингвистички и религиозен идентитет - се застапува во извештајот на УНДП, а општествата кои ги прифаќаат овие права се единствените одржливи општества во денешниов свет. Целиот извештај може да се погледа на www.undp.org .

М.И.