Хрватска
Обесправени граѓаните и маргинализираните НВО
Коалиција од 20 граѓански организации се спротивставила на предлог- законот за остварување на правото за правна помош, кој наводно во хрватското собране е изгласан веднаш. Причината за противењето е фактот што предложениот закон ги ограничува граѓаните со лоша економска состојба да добиваат адекватна и правовремена правна помош и е во спротивност со уставните начела на еднаков пристап во судовите. Истовремено, со предлогот се оневозможува граѓанските организации да даваат правна помош и да воведат претпоставки за воспоставување монопол на адвокати.
На здруженијата најмногу им пречи што нивната неколкугодишна пракса (давање правна помош во повеќе од 100 илјади случаи), со тој закон се миноризира. Според изјавите на нивните претставници, се занемарува културата на граѓанското дејствување за општото добро и почитувањето на човековите права. Со предложените законски одредби на здруженијата им се дозволува само советодавна помош и помош пред управните органи, но не и застапување пред суд, како и други правни можности. Претставниците на здруженијата се согласуваат, без обзир на законот и на можностите од казнено прогонство, да продолжат со правна помош како и досега.
Г.Ш.
извор: Онењорлд
|
|