Суша со епски димензии во Австралија
Ситуацијата е мрачна
Австралија предупреди дека ќе мора да го прекине снабдувањето со вода на континентот, доколку епската суша не ја прекинат силни дождови – како предвесници на она што би можело да се нарече прва климатска промена, предизвикана катастрофа која ќе погоди една развиена нација. Басенот Мјуреј–Дарлинг во југоисточна Австарлија носи 40 проценти од вкупното земјоделско производство. Но, двете реки кои го хранат регионот се толку жално плитки, што наскоро ќе имаат вода само за да ги задоволат потребите за пиење. Австралија е на прагот на својата најкатастрофална суша кога и да е, како жртва на климатските промени кои му се припишуваат на глобалното затоплување, но и на владата која допрва ја сфаќа сериозноста на ситуацијата.
Австралскиот премиер, Џон Хауард, кој е голем скептик во поглед на климатските промени, им наметна страшни ограничувања на земјоделците во земјата. Доколку не се појават силни врнежи во текот на наредните шест до осум недели, ќе се забрани наводнувањето на клучните земјоделски површини. Културите, како на пример оризот, памукот и виновата лоза ќе пропаднат, цитроните, маслинките и бадемовите дрва ќе изумрат, заедно со стоката. Забраната за наводнување, која би траела до мај, следната година, би можела да значи уништување на илјадници земјоделци, кои веќе се задолжени и очајни по шесте последователни години суша.
Обожавателите на австралискиот пејсаж честопати ја цитираат поетесата Доротеа Мекелар, која во 1904 година ги напиша познатите стихови: „Ја сакам земјата изгорена од сонцето, земјата на недогледни рамници”. Но, земјата која и беше инспирација на Мекелар сега е распукана и жедна, а нејзините реки се претворени во матни кафеави потоци; од пасиштата останале само прашливи површини; сточарите се принудени да ги продадат овците и кравите по смешно ниски цени, или пак да купат извонредно скапа храна за нив. Некои веќе се откажаа, напуштајќи ги имотите кои биле во сопственост на нивните семејства со генерации. Порасна стапката на самоубиства во руралните средини.
Господинот Хауард признава дека мерките се драстични. Тој рече дека продолжената суша е опасна како за земјоделците, така и за економијата во целост. По издавањето на новиот извештај за состојбата со Мјуреј и Дарлинг, г. Хауард рече: „Ситуацијата е мрачна и нема потреба да ги затвараме очите пред тој факт за Австралија. Сите мораме да се надеваме и да се молиме да падне дожд.”
Но, молитвите можеби нема да бидат доволни, а многумина се прашуваат зошто недостатокот на вода на најсувиот населен континент на земјата се решава дури сега со вакви драстични мерки.
Причините за сегашната суша, која започна уште во 2002 година, а најакутно се чувствува во последните шест месеци, се сложени. Како и да е, само неколкумина научници дискутираа за улогата на климатските промени, како фактор којшто ја прави Австралија се потопла и посува.
Екологистите посочуваат на зголемената зачестеност и интензитет на временскиот модел Ел-нињо кој ја предизвикува сушата, како последица на глобалното затоплување. Тие исто така ја споменуваат и улогата на Австралија во труењето на земјината атмосфера. Австралијците се едни од најголемите потрошувачи на енергија по глава на жител и едни од најголемите емитери на јаглерод диоксид. И покрај тоа, земјата е една од единствените две индустријализирани нации заедно со Соединетите Американски Држави, кои не сакаа да го ратификуваат протоколот од Кјото во 1997 година. Владите за таа одлука излегоа со аргументот дека тоа би им штетело на нивните економии.
Се до пред неколку месеци, г. Хауард и неговите министри ги омаловажуваа „клетниците” на климатските промени. Премиерот одби да да се сретне со Ал Гор, при неговата посета на Австралија за промоција на својот документарен филм, „Непријатна вистина”.
Како ОН ги предупредија Австралија и Нов Зеланд
Извадоците од извештајот на ОН за климатските промени укажуваат на заканата од глобалното затоплување за Австралија и за Нов Зеланд:
„Како резултат на намалениот број врнежи и зголеменото испарување, се планира проблемите со безбедноста на водата да се интензивираат до 2030 година на југот и на истокот од Австралија и во Нов Зеланд, во Нортланд и во Источните региони.”
„Значително намалување на биодиверзитетот се предвидува да се случи до 2020 година во некои еколошки богати зони во двете земји, вклучувајќи го „Греат Барриер Рееф” и тропскиот Квинсленд. Останатите ризични зони се влажните предели на Какаду и планинските области на двете земји.”
„Моменталниот развој на крајбрежјето и порастот на населението во областите како што се Карнс (Цаирнс) и југоисточен Квинсленд (Австралија) и Нортленд до Беј оф пленти (Нов Зеланд) се предвидува да го зголемат ризикот од пораст на нивото на морето и да ја зголемата сериозноста и зачестеноста на бурите и поплавите на крајбрежјето до 2050 година.”
„Земјоделското и шумарското производство се предвидува да се намали значително во јужна и источна Австралија, како и во делови на источен Нов Зеланд до 2030 година, поради зголемената суша и пожари.”
„Регионот поседува доволен адаптибилен капацитет кој се должи на развиената економија и научните и технички способности, но сепак, постојат значителни ограничувања за неговата примена... Природните системи имаат ограничен адаптибилен капацитет.”
(Извадок од текстот на Кети Маркс, Сиднеј 20 април 2007)
|
|